Германски експерти од Федералната криминалистика пристигнуваат деновиве во Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово

1 min read

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид-центар во болницата во Тетово.

– Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација, информираат од Владата.

Како што стои во владиното соопштение, во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи. Имено, станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7000 вработени.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца полесно повредени пожарникари имало при гасењето на пожарот во тетовската модуларна болница

Следно

Шилегов: Во време на Пандемија изградивме четири булевари, 110 км нови велопатеки, есен мост завршивме, друг почнавме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian