Казахстанскиот репрезентативец Руслан Валиулин бил позитивен на антидопинг тестот, е соопштено по натпреварот од квалификациите за СП 2022 година против Украина кој заврши 2:2.
Фудбалерот на Тобол ги постигна двата гола за својата репрезентација.
Валиулин бил позитивен на недозволени супстанци откако беше тестиран по натпреварот Жилина – Тобол кој се играше на 12 август во рамки на квалификациите за пласман во Лигата на конференции, но казахстанскиот тим дури на 2 септември, еден ден по натпреварот со Украина, го испратил дописот до Федерацијата.
Според правилата на УЕФА, Казахстан не може да биде казнет и Украина нема да ги освои бодовите на зелена маса бидејќи еден случај на допинг не е доволен за одземање на бодови.