ФОТО+ВИДЕО: Со солзи во очите, Путин се прости од својот близок пријател

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин се појави видно потресен на погребот на починатиот министер за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, кој почина во средата во арктичкиот регион, пренесува Дејли Меил.

Путин и Зиничев со години беа блиски соработници, а починатиот министер некогаш беше припадник на обезбедувањето на рускиот лидер.

Затоа не треба да изненадува фактот што токму Путин беше тој што се појави на неговата комеморација во Москва, и од почит кон неговиот загинат пријател, Путин се прекрсти пред ковчегот во согласност со православните обичаи.

Рускиот претседател Владимир Путин за последен пат се прости со неговиот загинат пријател, министерот за вондредни состојби, Евгениј Зиничев/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/SPUTNIK /KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Со букет црвени рози во рацете, Путин учествуваше на последното збогување со својот соработник. После тоа, тој седна меѓу сопругата на Зиничев, Наталија и неговиот син Денис.

Путин до сопругата и синот на починатиот министер. Евгениј Зиничев/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/SPUTNIK /KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Зиничев во средата почина на должност, спасувајќи го животот на едно лице за време на вежбите во рускиот град Норилск.

Како што беше претходно објавено, Зиничев се обиде да го спаси рускиот режисе Александар Мелник, кој паднал во водата, но за жал министерот слетал на карпа и загинал.

Рускиот претседател Владимир Путин постхумно ја додели титулата руски херој на Евгениј Зиничев.

Трагедија во Русија: Министерот за вонредни ситуации загина за време на вежба во Норилск

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Се појавија снимки од безбедносните камери: Страв и паника во првите моменти од трагедијата во Тетово

Следно

Ѓоковиќ за влакно избегна нова дисквалификација во Њујорк, за малку ќе удреше момче кои ги собира топките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian