Фудбалската репрезентација на Македонија во септемврискиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2022 година, одигра три натпревари и на сите три ремизира.
Фудбалерите на селекторското деби на Благоја Милевски на втори септември одиграа без голови против Ерменија во Скопје, а три дена поцоцна ја испушти победата во Рејкјавик играјќи 2:2 со Исланд, по што квалификациите ги завршија во Скопје и тоа против Романија. Фудбалерите повторно одиграа без голови, овој пат против Романија.
За тоа време фудбалерите се наоѓаат во карантин, не само поради пандемијата на коронавирусот туку и за да останат фокусирани на натпреварите.
„Слободен печат“ се обрати до Фудбалската федерација на Македонија и дозна како репрезентативците го поминуваат денот кога имаат натпревар, односно како им помина денот кога играа против Романија.

За септемвриските квалификации, база на репрезентацијата беше хотелот Александар Палас.
Доручекот беше до девет часот, од 11 часот на вештачкиот терен кој не наоѓа до хотелот репрезентативците одржаа активациски тренинг кон не трае повеќе од 40-тина минути.
Потоа репрезентативците имаат нов двочасовен одмор, по што следува ручекот и повторно фудбалерите имаат одмор од два часа.

Потоа од 17 часот следува главниот состанок на селекторот Благоја Милевски во репрезентативците на кој се крои тактиката за натпреварот.
Вообичаено, два часа пред почеток на натпреварот, фудбалерите одат кон Националната Арена „Тодор Проески“.
По секој натпревар кој се игра во Скопје, следува задолжителна рекуперација на репрезентативците со крио терапија.
