ФОТО: Американската тајна служба објави досега невидени фотографии од 9/11

3 mins read

Американската тајна служба објави неколку фотографии од нападот на 11-ти септември, кои претходно никогаш не биле видени, пренесува НЗ Хералд.

Објавени се шест слики, меѓу кои и грозоморна фотографија направена на „Граунд Зиро“ по уривањето на зградата. На другата фотографија, сликана од вработен во тајната служба, се гледа чадот што се гледа од кулите на Светскиот трговски центар, откако двата авиона ги погодија зградите.

Речиси 3.000 луѓе беа убиени утрото на 11-ти септември 2001 година, од кои повеќе од 2.600 во Светскиот трговски центар во Њујорк. Уште 125 лица загинаа во Пентагон, а 265 во четири киднапирани авиони.

 

Шокантна приказна на мажот кој ја загуби својата сопруга во нападот

Дваесет години по нападот, Џек Грандколас се уште се сеќава дека тој ден се разбудил во 7.03 наутро.

Тој го погледнал неговиот часовник, а потоа низ прозорецот видел слика на небото која му го привлекла вниманието – визија која личела на ангел во подем.

Тој се уште не знаел за нападот, но тоа бил моментот кога неговиот живот се сменил, додека било 10.03 часот на другата страна на земјата, летот Јунајтед 93 штотуку се урнал во Пенсилванија, а неговата сопруга Лорен не била на летот.

Тој го пуштил телевизорот и ги видел страшните сцени од нападот, а потоа на неговиот телефон му стигнала порака од телефонската секретарка – „Лорен утрово ви остави порака“.

„Те сакам повеќе од се, само знај го тоа. Те молам кажи му на моето семејство дека ги сакам. Збогум, душо“. Тоа била последната порака што таа му ја оставила.

„Секоја година тоа претставува нов удар за нас. Ние ќе живееме со таа рана целиот наш живот“ – раскажа Џек во интервју за Кеј-Ти-Ви-Ју.

Пет (не)научени лекции на САД од нападот на 9/11

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Успех кој ќе и го смени животот: Влезе во финалето на УС Опен и наскоро ќе стане најбогата спортистка на светот

Следно

Лекар од раководството на ковид-центарот за „Слободен печат“: Колегата кој работел со дефибрилаторот забележал чад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian