Д-р Беќаровски: За присуство на цивилни лица во ковид болница казна не може да биде само разрешување

1 min read

Откако јавноста во Македонија беше изненадена од информацијата дека во тетовскиот ковид центар освен медицински персонал покрај болните имало и нивни роднини, реакциите не стивнуваат.

Доктор Нико Беќаровски преку неговиот Фејсбук профил порача дека казната за присуство на цивилни лица во Ковид центар не може да биде само разрешување на надлежните.

„Континуирано присуство на ЦИВИЛНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВНАТРЕ во Ковид центрите е СВЕСНО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница“, напиша Беќаровски.

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес – конфереција изјави дека во тетовската модуларна болница која изгоре, и каде имаше 14 жртви, имало и придружници и дека тоа било тешко да се менаџира.

Русковска ја бара целокупната документација за 19-те изградени модуларни болници

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Двојно се зголемуваат казните за неносење маска во САД

Следно

Баша го повлече Бериша од пратеничката група: Најтешката одлука во мојот живот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian