Чеферин не им простува на Реал, Барселона и Јувентус за формирањето на Суперлигата: Неспособни сте

1 min read

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин не сака по никоја цена повторно да заживее европската Суперлига.

УЕФА ја продолжува битката со екипите кои сакаат да формираат Лигата на богатите, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Чеферин им порача на трите клуба дека воопшто не е загрижен од можното излегување од Лигата на шампионите и дека не ја разбира нивната желба да формираат ново натпреварување.

– Не ми пречи доколку си заминат. Смешно ми е тоа што сакаат да направат ново натпреварување, а во исто време сакаат да играат во Лигата на шампионите – изјави Чеферин во интервју за германски „Шпигл“.

Словенецот кој е на чело на УЕФА потоа ги нападна претседателите на три клуба бунтовници, Флорентино Перез, Жоан Лапорта и Андреа Ањели кои и понатаму инсистираат на Суперлигата.

– Тие клубови имаат неспособни лидери. Тие луѓе се обидуваат да го убијат фудбалот – рече Чеферин и потоа му се нафрли на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

– Тој ја критикува УЕФА и зборува дека кллубот може да преживее само со Суперлигата, а потоа се обидува да го купи Килијан Мбапе за 180 милиони евра.

Чеферин исто така откри дека Барселона, Реал Мадрид и Јувентус му се заканиле дека ќе го тужат доколку не го покрене Суперлигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Црна Гора нови ковид мерки, приоритет вакцинацијата

Следно

 Талибанците сè понасилно одговараат на протестите во Авганистан 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian