Централен регистар, односно регионалните регистрациони канцеларии в недела, понеделник, вторник и во среда ќе работат со дежурства и продолжено работно време поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори.
Како што информираат од Централен регистар, во недела на 12 септември ќе работат од 8.00 до 16.00 часот, а во понеделник на 13 септември, вторник 14 септември и среда 15 септември од 8.00 до 20.00 часот.
Заинтересираните дополнителни информации може да добијат во соодветната Регионална регистрациона канцеларија, или на e-mail преку контакт формата на Централен регистар.
Извор: МИА