Браќата Њокас од Металург се селат во Вардар

1 min read

Француските ракометари Кевин и Оливие Њокас кои дојдоа во Металург како големи засилувања за тимот од Автокоманда, во следната сезона ќе настапуваат во македонскиот шампионат, но во друг дрес.

Искусните ракометари како што стојат работите ќе во новата сезона ќе настапуваат за актуелниот шампион Вардар кој веќе ја поднел потребната документација во РФМ за да ги регистрира браќата Њокас за домашното првенство. Вардарци исто така би требало да сметаат на најновите засилувања и за првиот натпревар во Лигата на шампионите кој го играат на 15 септември против Елверум.

Браќата Кевин и Оливие Њокас подготовките ги започнаа со екипата на Металург, потоа беа позитивни на коронавирус, аевентуалниот трансфер во Вардар е само потврда дека не било се во ред во односите на ракометарите од Франција со тимот од Автокоманда.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Филипче соопшти дека понудил писмена оставка до Владата

Следно

Груби: Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian