Ботас на спринт трката во Монца ќе тргне од првото, а на главната трка од последното место

1 min read

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз во квалификациите за спринт трката на која ќе бидат одредени стартните позиции за главната трка за Големата награда на Италија која ќе се вози во недела.

Второто најбрзо време денеска го имаше актуелниот шампион Луис Хамилтон, исто така од Мерцедес, додека трет беше лидерот во генералниот пласман, Макс Ферстапен од Ред Бул.

Ботас без разлика на резултатот кој ќе го оствари на утрешната спринт трка, во недела на главната трка ќе стартува од последната позиција. Причината за тоа е одлуката на Мерцедес да ја замени неговата погонска единица со нова и бидејќи станува збор за четврта оваа сезона, а сите возачи имаат на располагање по три, е казнет со поместување на последното место.

Ботас кој на крајот од сезоната си заминува од Мерцедес и ќе се пресели во Алфа Ромео, имаше 96 стотинки предност пред Хамилтон.

Четвртото место го освои Ландо Норис, а неговиот клупски колега од Мекларен, Даниел Рикиардо беше петти. Од шестото до десеттото место се пласираа Пјер Гасли, Карлос Саис, Шарл Леклер, Серхио Перез и Антонио Џовинаци.

Новиот формат на квалификации, спринт квалификациските трки дебитираше во Формула 1 во јули годинава на патеката Силверстоун, а ова е втор трка досега.
Спринт трката е долга 100 километри (18 кругови на патеката во Монца) и трае 25-30 минути. Бодови ќе освојат тројцата најбрзи возачи, првиот ќе освои три, вториот два, а третиот еден бод.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Филипче не е доволна, и Заев треба да се повлече за да има независна истрага

Следно

Голем пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian