Австриец една година го чувал телото на починатата мајка за да ја добива нејзината пензијата

1 min read

Маж од Австрија го чувал телото на мумифицирана мајка во својот подрум повеќе од една година за да ја добива нејзината пензијата, соопшти полицијата.

Се верува дека 89-годишната жена, која страдала од деменција, починала од природна смрт во јуни минатата година, објави Би-Би-Си.

Нејзиниот 66-годишен син го однел телото во подрумот и се обидел да го неутрализира непријатниот мирис со завои и облоги.

Полицијата проценува дека тој незаконски стекнал околу 50 илјади евра на сметка на нејзината пензија.

Измамата била откриена кога на поштарот кој ја носел пензија на домашната адреса во Западен Тирол, синот не му дозволил на поштарот да ја види неговата мајка.

Ова доведе до истрага и на крајот до бизарно откритие, велат од полицијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов: Во време на Пандемија изградивме четири булевари, 110 км нови велопатеки, есен мост завршивме, друг почнавме

Следно

Пописот продолжува забавено поради техничките проблеми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian