Јапонскиот министер за вакцинација во трка за премиерската функција

1 min read

Јапонскиот министер за вакцинација Таро Коно денеска ја објави својата кандидатура за шеф на владејачката партија, која обично го избира премиерот, и вети дека ќе спроведе реформи и ќе биде ефикасен.

Коно (58), дипломиран на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, кој течно зборува англиски, има многу поддржувачи меѓу младите луѓе, со кои комуницира преку социјалните медиуми, пренесува Радио Слободна Европа.

– Ќе ги почитувам вашите ставови и забелешки, ќе споделувам информации со вас, ќе испраќам силни пораки и ќе работам со вас за надминување на кризата со која се соочуваме, рече Коно на преполната прес -конференција во Токио, осврнувајќи се на ситуацијата со пандемијата на Ковид-19.

Неговата објава дојде седум дена откако премиерот Јошихиде Суга неочекувано најави дека нема да бара нов мандат на чело на владејачката Либерално -демократска партија на партиското гласање на 29 септември. Победникот на тоа гласање речиси сигурно ќе биде новиот премиер, бидејќи оваа партија и нејзиниот коалициски партнер имаат мнозинство во парламентот.

Уште двајца пратеници ги објавија своите кандидатури – поранешниот министер за надворешни работи Фумио Кишида и поранешниот министер за внатрешни работи Санае Такаичи

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Теута Арифи ги посети пожарникарите со цел прибирање на информации за пожарот

Следно

Лука Модриќ идното лето се сели во Манчестер сити?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian