Актуелниот бран на епидемијата на ковид-19 во Македонија продолжува да „коси“ меѓу помладите пациенти, а денеска меѓу починатите е и 23-годишен пациент од Гостивар, соопштија здравствените власти.
Меѓу 30-те жртви на коронавирусот во изминатото деноноќие се и 34-годишен пациент од Куманово, како и 41-годишен стружанец.
Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатите 24 часа се регистрирани: седум починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по пет починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по тројца починати од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).