Вулин: Се надевам на мешани полициски контроли на мигрантите на границата со Северна Македонија

1 min read

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин денеска изјави дека се надева оти наскоро и на границата со Северна Македонија ќе се најдат мешани полициски контроли, со цел да се спречи илегалната миграција, како што е тоа предвидено со протоколот потпишан за тоа прашање во Будимпешта со унгарските власти, јави дописникиот на МИА од Белград.

– Се надевам дека многу брзо ќе успеам да убедам истатат работа да ја направиме и на северномакедонско-српската граница, како и меѓу Унгарија и Австрија. Секој мигрант што ќе го спречиме да влезе во Србија е мигрант помалку во Виена, но исто така и мигрант помалку во Белград, изјави Вулин на ТВ Хепи.

Како што оцени, неопходна е заедничка, координирана акција, бидејќи, според него „мигрантите нема да ја преминат таа област кога ќе слушнат дека границата е цврста”.

– Ние ги третиравме овие луѓе и ги третираме како човечки суштества, но тие мора да ги почитуваат нашите закони. Ги имате сите права, имате кампови, ќе бидете медицински заштитени и хранети, ќе бидете згрижени и вашето достоинство, особено кога станува збор за семејствата. Но, ако го прекршите законот, ќе бидете казнети, истакна Вулин.

Протоколот за воспоставување мешани патроли долж заедничката граница на Србија и Унгарија беше потпишан во вторникот во Будимпешта од министрите за внатрешни работи на двете земји, Александар Вулин и Сандор Пинтер.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вакцинираните фудбалери повеќе нема да се тестираат

Следно

Италијанската полиција вршела претреси во домовите на антиваксерите кои планирале насилство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian