Во ПСЖ само се смееја на понудата од Барса за Нејмар

1 min read

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека имало план да се врати Нејмар на „Камп Ноу“, но исто така е познато зошто тоа не се случи.

Пред Лионел Меси да ја напушти Барселона, каталонскиот клуб имаше голема желба да го врати Бразилецот Нејмар во своите редови.

Затоа Барселона испрати понуда до ПСЖ вредна 80 милиони евра. Кога ја видоа понудата во Париз, мислеа дека шпанскиот гигант се шегува, па водечките луѓе само се смееја!

Чудно е што Барса дури се обиде да направи нереален трансфер, бидејќи четири години претходно, сегашните работодавачи му платија на Нејмар рекордни 222 милиони евра, колку што изнесуваше излезната клаузулата во тоа време!

Нејмар моментно има договор со францускиот гигант до 30 јуни 2025 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 100 милиони евра.

ПСЖ направи феноменален тим ова лето со Меси, Нејмар, Мбапе и Икарди во нападот на париските „светци“.

Не треба да заборавиме дека дојдоа и Серхио Рамос, Ашраф Хакими, Џанлуиџи Донарума, Жоржино Вајналдум …Многу фудбалски фанови ширум светот предвидуваат дека ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

Роналдо предупредува: И „галактикоси“ беа фаворити, па не ја освоија Лигата на шампионите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Тетово сѐ уште мириса на чад, на местото на трагедијата засилено полициско обезбедување

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Масовни протести во Салвадор, луѓето не сакаат биткоин како официјална валута

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian