Во болницата само накратко се пуштаа вакцинирани роднини на болните, вели д-р Нуредини

2 mins read

Координаторот на ковид-центарот во тетовската болница, д-р Гзим Нуредини, во изјава за Фокус вели дека не е точно оти имаат недостиг од кадар, додека во изгорениот модуларен објект биле пуштани само роднини на болните како придружба, со потврди за вакцинација и во скафандери и тие останувале кратко во болницата.

„Немаме недостиг на кадар, цивилите кои доаѓаа во болницата тоа го правеа со потврда за вакцинација и остануваа накратко. На влезот на болницата има скафандери, мораа да ги облечат, и на нивна одговорност беа пуштани внатре на по пет-десет минути, да ги видат своите блиски. Имаме и редари во болницата, и тоа е сѐ што можам да кажам сега, уште трае увидот и се вршат разговори“, вели д-р Нуредини.

Д-р Гзим Нуредини / фото: МИА

Тој вели дека мислел оти никој нема да излезе жив од пеплосаната модуларна болница, бидејќи никогаш во животот не видел толку силен пожар, којшто се шири толку брзо.

„Имало пожари во Тетово и во минатото, сум сведочел, но вакво нешто, никогаш не сум видел. За само пет минути отиде се, со таква брзина и сила“, вели координаторот на ковид-центарот.

„Телата коишто се вадеа беа до толку изгорени, како картон. Ништо не остана од болницата, не знам што чудо беше, каква сила беше тоа. Оставаме на надлежните да ја спроведат истрагата како што треба, затоа и не излегуваме со информации, додека тие не го сработат својот дел. Можам официјално да потврдам дека имаме 12 починати пациенти, две жени- цивили исто така се починати, од кои неофицијално едната била на возраст од 29 години, за другата немаме информација. Тие биле на кратка посета кај свои блиски кои се лекувале во болницата. Од починатите пациенти, најмладиот е на возраст од 38 години, но сѐ уште се вршат испитувањата, така да ова што го кажувам се првични информации. Спасени се 12 пациенти“, додава д-р Нуредини во изјавата за Фокус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тажна вест: Почина легендата на југословенскиот фудбал Данило Попивода

Следно

Беретини го призна поразот: Новак има нешто што го прави најдобар на сите времиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian