ВМРО-ДПМНЕ го кандидира Тони Коњановски за Битола, Тимчо Муцунски неофицијално ќе „трча“ во Аеродром

2 mins read

Д-р Тони Коњановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје-Битола и брат на поранешниот министер во владите на Никола Груевски, Зоран Коњановски, официјално е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на овој град, соопшти вечерва општинскиот комитет на партијата

„Коњановски е долгогодишен доктор, битолчанец од стара позната градска фамилија, а професионално ја продолжува традицијата на својот татко. Д-р Тони Коњановски, својот работен век го поминува во ЈЗУ “Центар за јавно здравје”, а последниве четири години ја извршуваше и функцијата советник во Советот на општина Битола. Коњановски е најсериозно најдобрата понуда за Битола, заради тоа што најпрвин ја познава Битола, ги познава сите проблеми на битолчани, а четиригодишниот мандат во Советот му помага точно и прецизно да ги лоцира инфраструктурните, сообраќајните и предизвиците за локален економски развој на Битола, преку нови инвестиции, нови работни места и вложување во туризмот. Д-р Тони Коњановски, во време на КОВИД кризата, ја потврди својат висока професионалност, човечност и хуманост“ пишува во објавата на Фејсбук.

Пеце Милевски ќе биде носител на листата на коалцијата за советници во Советот на Општина Битола.

Во исто време, 360 степени објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го кандидира актуелниот пратеник Тимчо Муцунски за градоначалник во скопската општина Аеродром. Кандидатурата на Муцунски, кој е и секретар за меѓународна соработка на партијата, доаѓа како изненадување, со оглед на тоа што досега во јавноста се споменуваа други имиња за таа позиција.

32-годишниот Муцунски е доцент по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и тој важи за политичар со добри меѓународни релации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Каква порака испраќа Ким во светот? Две скриени пораки од воената парада во Пјонгјанг

Следно

Д-р Цана: Тетовскиот ковид-центар бил извор на зараза, министерот има морална обврска за оставка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian