Вчера вечерта во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне, соопшти рано утринава прес службата на Владата на РСМ.
Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, здравствените служби настојуваат да го спасат секој загрозен живот.
Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените, се вели во соопштението издадено по завршувањето на итниот кризен штаб кој се одржа во Општина Тетово со највисокиот државен врв.
Денес во 10:00 часот закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово.