Драматична снимка на која се гледа како реагирала група луѓе, кои се најдоа во вагонче од жичница во моментите на силниот земјотрес кој ги погоди централните и јужните делови од Мексико во вторникот.
Во потресот со јачина од седум степени загина едно лице, а тој предизвика тешки оштетувања на болници, станови, продавници и хотели во приморското летувалиште Акапулко, кое беше блиску до епицентарот.
На видеото објавено на социјалните мрежи може да се видат реакциите на десетината луѓе во вагончето од жичницата во Мексико Сити, запрено на околу 30 метри од тлото.
Луѓето, кои ќе ја паметат таа вечер до крајот на нивните животи, биле евакуирани по околу еден час од земјотресот.