ВИДЕО: Ѓоковиќ урна рекорд на Федерер, со пресврт до полуфиналето на „УС Опен“

1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на „УС Опен“ откако во четвртфиналето доцна синоќа го совлада Италијанецот Матео Беретини со 3:1, по сетови 5:7, 6:2, 6:2, 6:3.

Ноле со овој триумф го урна и рекордот на Рожер Федерер откако стана играч со најмногу победи над Топ 10 играчи во историјата на тенисот.

Ја запиша 224 победа над Топ 10 играчи (со 101 пораз), го престигна швајцарскиот великан кој застана на 223 победи и 123 порази. Шпанецот Рафаел Надал има учинок од 178 победи и 99 порази.

Ѓоковиќ за пласман во големото финале ќе игра против четвртиот носител на турнирот Александер Зверев, германскиот натпреварувач претходно го елиминираше Лојд Херис од Јужна Африка со 7:6 (6), 6:3, 6:4.

Во второто полуфинале во Њујорк (САД) силите ќе ги одмерат Феликс Оже-Алијасим (Канада) и вториот носител на турнирот, Данил Медведев (Русија).

Кај жените грчката тенисерка Марија Сакари за еден час и 23 минути со 2:0 (6:4, 6:4) славеше против Каролина Плишкова од Чешка.

Сакари за влез во финалето ќе игра против Ема Радукану од Велика Британија, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Лејла Фернандез (Канада) – Арина Сабаленка (Белорусија).

Базата на Ѓоковиќ во Њујорк е на имот вреден 40 милиони долари каде тренира со најсовремена технологија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РЕК Битола и Осломеј загадуваат како сите електрани во Германија

Следно

ФОТО | Најмалку 10 жртви од пожарот во тетовскиот ковид-центар, во тек детална истрага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian