ВИДЕО: Физиотерапевтот на Марсеј суспендиран на една година, казнети Ница и Паје

1 min read

Пабло Хернандез, физиотерапевтот на Марсеј е суспендиран од фудбалот на една година поради инцидентот во Ница. Хаосот на натпреварот во најсилната француска „Лига 1“ помеѓу екипите Марсеј и Ница изби на 22 август.

Навивачите на Ница гаѓаа кон играчите на Марсеј во текот на целиот натпревар, додека Димитри Паје им одговори на ист начин.

Го зеде шишето и гаѓаше на трибините во Ница, а потоа настанал уште поголем хаос. Навивачите влетаа на теренот, играчите побегнаа од истиот и играта беше прекинат.

Додека се случуваше хаосот со навивачите на теренот, Хорхе Сампаоли имаше свое „шоу“. Сакаше да го удри Жан Клер Тодибо, фудбалерот на Ница, па Аргентинецот мораше да го разделат Паје, редарите и стручниот штаб од Тодибо.

Интервенираше и физиотерапевтот Пабло Хернандез, кој удри еден навивач на Ница.

Ница е казнета со одземање на два бода, Паје е суспендиран на еден натпревар, додека Алваро Гонсалес на два натпревари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Актерот Тасевски најави дека ќе палел функционери на клада – следува ли кривична одговорност

Следно

Невакциниран грчки генерал си поднел оставка од функцијата шеф на воена болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian