ВИДЕО: Англичаните добија свирежи поради клекнувањето, воодушеви гестот на Левандовски

1 min read

Англиските фудбалери ја продолжија практиката на клекнување пред секој натпревар во знак на борбата против расизмот.

Репрезентацијата на Герет Саутгејт клекна пред почетокот на натпреварот против Полска во квалификациите за СП (1: 1).

Клекнувањето на едното колено е симболичен гест на солидарност со движењето „Black Lives Matter“, но очигледно овој гест не е добро прифатен насекаде.

Ваквиот потег на англиските фудбалери не наиде на одобрување од публиката во Варшава.

Англичаните добија свирежи, а капитенот на полската репрезентација Роберт Левандовски се обиде да ја смири публиката покажувајќи го знакот на дресот, „Respect“, односно за „почит“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Потресно сведоштво на тетовчанка за „Слободен печат“: Пожарот настанал затоа што пробувале да реанимираат девојче, пукнал штекерот

Следно

Од утре повисоки дневни температури, за викендот локално дожд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian