Вакцинираните фудбалери повеќе нема да се тестираат

1 min read

Европската фудбалска унија (УЕФА) најави нови промени во протоколите за одигрување натпревари под нејзина капа во делот со тестирањето на фудбалерите на ковид-19 пред секој меч.

Во иднина фудбалерите што се целосно вакцинирани или прележале коронавирус, повеќе нема да мора да прават ПЦР-тестови, пренесува „Сан“.

Оваа одлука што сѐ уште не е официјално објавена, најверојатно ќе почне да се применува од идната недела, кога стартува новата сезона во европските купови, Лигата на шампионите, Лига Европа и новоформираната Конференциска лига.

Според тоа што објавија медиуми низ Европа, УЕФА ја донела оваа одлука со цел непотребно да не се тестираат фудбалерите што имаат веќе целосен степен на заштита, односно или се целосно вакцинирани и поминале две недели од втората доза или, пак, прележале ковид-19 во изминатиов период.

Досега сите играчи се тестираа пред секој меч со цел ако се појави позитивен да биде изолиран, а според протоколот на УЕФА, еден тим може да игра фудбал и со 13 играчи сосе голман, ако останатите се позитивни, но само под услов ако локалните власти не ги стават во изолација сите од тимот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Четворица ученици од штипските основни и средни училишта позитивни на коронавирусот

Следно

Вулин: Се надевам на мешани полициски контроли на мигрантите на границата со Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian