У19 надежите без победа на меѓународниот турнир во Словенија

2 mins read

Mладата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Дашмир Беари во периодот од 1 до 7 септември учествуваше на меѓународен турнир за фудбалери до 19 години во Словенија.

Нашите млади фудбалери на овој турнир силите ги одмерија со домаќинот Словенија, Саудиска Арабија и Словачка.

Првиот натпревар го одигравме на 2 септември против Словенија. Нашите фудбалери може да жалат за претрпениот пораз од домаќинот, имаа предност од 2:0 и 3:1, но на крајот беа поразени со 4:3. Одличен натпревар одигра нашиот голман Гоце Јовчев, кој покрај одбранетиот пенал на противникот, имаше и неколку одлични интервенции.

Во второто коло, Македонија одигра натпревар против Саудиска Арабија. На овој меч, нашите репрезентивци имаа предност од 1:0, но на крајот Саудиска Арабија постигна погодок за израмнување и поставување на конечни 1:1.

Натпреварот го обележа тешката повреда на нашиот фудбалер, Андреј Стојчевски, кој доживеа скршеница на раката.

Последниот дуел го одигравме против селекцијата на Словачка, дуелот заврши идентично како и дуелот со Саудиска Арабија, 1:1. Нашите фудбалери доминираа во текот на целиот натпревар, беа подобар противник, создадоа многу шанси, но на крајот не успеаја да слават победа.

Дашмир Беари, селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години:

– Задоволен сум од прикажаната игра, мислам дека резултатот не ја опишува вистинската слика на теренот. На моменти имавме пад на концентарција, мислам дека тоа не чинеше многу на овие три натпревари. Сакам да ја искористам оваа прилика да му посакам брзо закрепнување на нашиот фудбалер, Андреј Стојчевски, кој заработи тешка повреда на дуелот со Саудиска Арабија – рече Беари.

Нашата репрезентација во октомври ќе одигра два контролни натпревари против Турција, како подготовка за претстојните квалификации во ноември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откриени фалсификувани ПЦР тестови на ГП Табановце и на аеродромот во Скопје

Следно

Пендаровски: Засега нема индиции дека пожарот во Тетово е подметнат (ДПЛ)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian