Тренерот не му дозволи на Усаин Болт да настапи и на Игрите во Токио

2 mins read

Најбрзиот човек на планетата, Усаин Болт кој има осум златни олимписки медали беше подготвен да приреди спектакл на Олимписките игри во Токио, но не доби зелено светло.

Усаин Болт кој е сопственик на светските рекорди на 100 и на 200 метри сакаше да настапи во Токио, неговиот тренер Глен Милс не му даде зелено светло.  Според тренерот Глен Милс, ерата на Болт заврши во 2017 година и затоа не даде согласност спринтерот од Јамајка повторно да се враќа на тартанот.
– Олимписките игри беа последна шанса да се вратам. Кога на својот тренер му реков дека одам во пензија тој ми одговори: „Тоа е тоа, кога ќе заминеш во пензија повеќе нема да правиме никаков кам-бек на патеката“. Исто така ми рече дека морам да бидам подготвен за пензија – изјави Болт.

Болт открива дека идејата за враќање на патеките, на својот тренер му ја презентирал уште во 2019 година, но тој разговор не завршил добро за спринтерот.
– Се сеќавам дека го прашав што мисли за кам-бек на Олимписките игри. Ми рече: Немој ниту да почнуваш. Тоа беше тоа. Доколку мојот тренер не е покрај мене, тогаш нема да се враќам. Верувам во неговата одлука, но ме заинтригира таа идеја за кам-бек – додава Болт.

Спринтерите од Јамајка целосно потфрлија на Олимписките игри во Токио бидејќи не освоија ниту еден медал на трките на 100 и на 200 метри како и на штафетата 4х100 метри во машка конкуренција. Златниот медал на 100 метри го освои Итлаијанецот Марсел Џејкобс, на трката на 200 метри победи Андре де Грасе додека на штафетата 4х100 метри славеа Италијанците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британската агенција одобри употреба на трета доза против коронавирус, наскоро и конечна одлука

Следно

Африканска унија: Испратете вакцини во Африка, наместо да давате трета доза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian