Најмалку три лица загинале откако се срушила станбена зграда во град близу до Каиро, пренесува АП.
Спасувачите трагаат по преживеани во урнатините на четирикатната зграда во градот Шубра Ел-Кајма во провинцијата Калубија.
Apartment building collapse in Egypt kills 3 people https://t.co/hCpBXcYAi9
— TOI World News (@TOIWorld) September 9, 2021
Зградата се урна доцна синоќа, а телата на тројцата адвокати кои работеле во компанијата во зградата биле пронајдени.
Засега не е познато што го предизвикало уривањето на зградата, а прелиминарната истрага покажала дека се работи за постара зграда.
Пропаѓањето на зградите не е невообичаено во Египет, каде што лошата градба е вообичаена во сиромашните урбани населби и руралните области.