Поранешниот репрезентативец на поранешна СФР Југославија и долгогодишен фудбалер на Олимпија Љубљана, Данило Попивода почина во 74. Година во својот дом во близина на Херцег Нови.
Данило Попивода е роден на 1. март 1947 година во Ловченац, а фудбал почна да тренира во младите категории на Олимпија Љубљана за која од 1965 до 1975 настапуваше и за првиот тим.
Потоа шест години помина во Ајнтрахт Брауншвајг за кого одигра 126 натпревари и постигна 27 гола во Бундеслигата.
Во 1981 година се врати во Олимпија Љубљана каде и ја заврши кариерата. За словенечкиот тим одигра 226 натпревари и постигна 58 голови.
За репрезентацијата на Југославија одигра 20 натпревари и постигна пет гола, а беше дел од репрезентацијата која настапи на Светското првенство во 1974 година, како и на Европското првенство 1976 година.