Талибанците одбиваат да преговараат само со една земја

1 min read

Талибанците се подготвени да воспостават односи со сите земји освен со Израел, изјави нивниот портпарол Сухаил Шахин откако екстремистичката група објави дека формирала нова влада во Авганистан.

Шахин за руски „Спутник“ изјави дека Талибанците се подготвени да соработуваат со Соединетите држави, откако минатиот месец брзо ja соборија 20-годишнатa власт, поддржана од Западот, пренесува Тајмс оф Израел.

„Секако. Ако во новото поглавје, Америка сака да има односи со нас, што би можело да биде во интерес на двете земји и на двата народа, и доколку сакаат да учествуваат во обновувањето на Авганистан, тие се добредојдени“ вели Шахин.

Сепак, тој нагласи дека нема шанси да се воспостави врска со Израел.

„Се разбира, ние немаме никакви односи со Израел. Сакаме да имаме односи со други земји, но Израел не е меѓу тие земји“ рече портпаролот на талибанците.

Талибанците низ историјата се познати дека ја подджале Ал Каеда, која рутински му се заканува на Израел и користи анти-израелска реторика во својата пропаганда.

Талибанците во вторникот назначија привремена влада, а меѓу членовите има неколку лица барани за тероризам.

Соединетите држави соопштија дека се загрижени за некои членови на талибанската влада, но додаваат дека ќе го проценат според нивните постапки, вклучително и дозволување на Авганистанците слободно да ја напуштат земјата ако сакаат.

ФОТО+ВИДЕО | Талибанците ослободиле приведени авганистански новинари откако ги тепале

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ или Зверев: Виландер со прогноза за епското полуфинале на „УС Опен“

Следно

Папаров: Негрижа на родител прати 14 ученици во изолација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian