Талибанците ги обвинија САД за кршење на мировниот договор

1 min read

Талибанците сметаат дека САД го кршат мировниот договор со тоа што на нивната „црна” листа на терористи се уште се имињата на дел од новоизбраните министри во владата.

„Фактот дека членови на новата авганистанска влада се на американската црна листа го крши мировниот договор постигнат во Доха”, се вели во соопштението на талибанското движење.

„Сите функционери, без исклучок, требаше да бидат исклучени од црните листи на Обединетите нации и САД. Барањето останува во сила”, се додава во соопштението.

Талибанците и САД потпишаа мировен договор во главниот град на Катар на 29 февруари 2020 година, кој предвидува дека во замена за повлекување на силите на НАТО од Авганистан, милитантите ветија дека ќе ги прекинат врските со Ал Каеда и ќе седнат на преговарачка маса со администрацијата на земјата. Во август оваа година, во светло на повлекувањето на американската армија од Авганистан, талибанците ги окупираа сите поголеми градови и прогласија крај на 20-та војна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германскиот министер Рот изрази сочуство за жртвите во пожарот во Тетово

Следно

Алијанса за Албанците: Функционерите на ДУИ и СДСМ се лицемери зашто се појавија во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian