Талибанците ќе дозволат заминување на 200 Американци и државјани на трети земји

1 min read

Талибанците се согласиле да дозволат 200 Американци и државјани на трети земји да заминат од Авганистан по завршувањето на американската воена евакуациска операција, и да ја напуштат земјата со чартер летови од аеродромот во Кабул.

Тоа го соопштија денеска западни медиуми, повикувајќи се на свои извори.

Според американскиот специјален пратеник за Авганистан, Залмај Халилзад, за време на преговорите тој ги убедил талибанците да преземат таков чекор. Се очекува авионите денеска да го напуштат аеродромот во Кабул.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, вчера истакна дека САД од безбедносни причини нема да прифатат чартер летови од Авганистан до своите воени бази, доколку има голем број на непознати лица за САД, кои не ја поминале соодветната проверка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Следно

Гани: Морав да побегнам, тоа го направив за луѓето на Кабул

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian