СЗО бара од богатите земји да се воздржат од давање бустер вакцина

1 min read

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика богатите земји кои имаат големи залихи на вакцини против коронавирусот, да се воздржат од давање трета доза до крајот на годината и да ги им испратат вакцини на посиромашните земји, пренесува Индепендент.

Гебрејесус изјави дека нема потреба да се брза и да се дава трета доза од вакцините, што во голема мерка беше игнорирано од побогатите земји. Тој рече дека не се согласува со ставовите изразени во вторникот од водечката асоцијација на производители на лекови, кои тврдеа дека залихите на вакцини се доволно големи за да може да се дава трета доза.

Тој тврди дека побогатите земји кои веќе имаат вакцинирано поголем дел од населението со две дози на вакцина, треба да донираат за посиромашните земји, земјите кои имаат голем број на невакцинирани лица.

Според СЗО, во светот се дадени 5,5 милијарди дози вакцини против коронавирус, од кои 80 проценти се во земји кои не се сиромашни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рама: Братска прегратка за целата тетовска заедница и сите луѓе од Северна Македонија

Следно

Таравари обид за добивање ниски политички поени од трагедијата во Тетово (ФОТО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian