Суецкиот канал кусо беше блокиран откако еден брод се насука

1 min read

Суецкиот канал во Египет денеска беше накратко блокиран откако брод се насука во водниот пат пред властите да успеат да му помогнат да ја продолжи пловидбата.

Превозник со знаме на Панама блокираше четири бродови зад него, соопштија извори од Управата на Суецкиот канал (СКА).

Бродот, долг 225 метри, се движел кон Судан.

Суецкиот канал, кој го поврзува Медитеранот со Црвеното Море, е еден од главните извори за приход на Египет, заедно со туризмот и средствата од иселениците.

Во март, товарниот брод „Ever Given” го блокираше Суецкиот канал шест дена откако се насука при песочна бура, што го наруши сообраќајот на еден од најпрометните транспортни правци и предизвика силни ефекти врз светската трговија

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зошто горат ковид болниците низ светот

Следно

ВИДЕО: Заев и Ахмети дочекани со свиркања при вчерашната посета на опожарената болница во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian