Стотинa Палестинци се повредени во протестите на Западниот брег

1 min read

Десетици Палестинци се повредени во повеќе градови на Западен Брег, откако се судрија со израелските војници за време на демонстрациите во знак на солидарност со шестмина Палестинци, кои успеаја да избегаат од израелски затвор претходно оваа недела.

Членовите на семејството на палестинските затвореници беа уапсени за време на големата акција за пребарување на шестмината мажи кои ископаа тунел и избегаа од затворот Гилбоа во понеделникот, пренесува Ал Џезира.

Израелските сили употребиле солзавец, гумени куршуми и „живи” куршуми за време на судирите со демонстрантите во средата навечер, по локално време, во многу градови на Западниот брег, а Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека најмалку 100 луѓе се ранети и повредени.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 256 новозаразени, починаа 27 лица

Следно

Низа спортски и културни настани откажани поради тридневната жалост

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian