Српската полиција уапси поранешна црногорска министерка поради поседување на таблети

2 mins read

Српското министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека пратеничката од Собранието на Црна Гора, Драгица Секулиќ, била приведена на граничниот премин Шпиjани под сомнение дека сторила кривично дело неовластено поседување дрога, откако полицијата пронашла апчиња од списокот на психоактивни супстанции, пренесува Курир.рс.

Реагирајќи на повикот на Министерството за надворешни работи на Црна Гора до српските власти „да престанат со приведување и малтретирање на црногорските пратеници на граница“, Српското МВР изјави дека полицијата постапува „исклучиво според законот што е еднаков за сите граѓани”.

„Нагласуваме дека Секулиќ беше третирана во согласност со законот и процедурите со почитување на личното достоинство, поради што не го разбираме значењето на повикот на Министерството за надворешни работи на Црна Гора дека српската влада и министерот за внатрешни работи Александар Вулин погрешно се однесува кон Црногорците “ се наведува во соопштението.

Од српското МВР велат дека ќе биде поднесена кривична пријава против поранешната министерка за економија и актуелната пратеничка на Демократската партија на социјалистите (ДПС) поради сомневање дека сторила кривично дело неовластено поседување на наркотици.

„Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на Црна Гора, како државна институција, е посветено да го почитува законот и неговата еднаква примена за сите, без оглед на функцијата што ја извршува. Законите во Србија се исти за сите и сигурни сме дека и Црна Гора се стреми кон тоа“ се наведува во соопштението на МВР.

Пратеничката Драгица Секулиќ вчера беше приведена на граничниот премин Шпиjани, кога се обидела да влезе во Србија, откако српската полиција пронашла шест таблети со бромазепам во нејзиниот багаж.

Секулиќ оцени дека се работи за „продолжување на прогонот од страна на српските власти“, бидејќи, како што рече, „по вторпат доживува непријатност“ при преминување на границата со Србија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца новинари приведени и претепани бидејќи штителе жени во Кабул

Следно

Тропската бура Минди го погоди американското крајбрежје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian