Советот за безбедност на бугарската Влада следната недела ќе ја анализира политика кон Северна Македонија

1 min read

Советот за безбедност при Советот на министри на Бугарија следната недела ќе разговара за потребата од анализа и ажурирање на целокупна политика на Софија кон Република Северна Македонија, јави БТА.

Премиерот на Бугарија Стефан Јанев, денеска пред новинарите во Советот на министри, изјавил дека постојат теми што се на агендата на општеството и дека една од овие теми е потребата да се анализира и ажурира целокупната политика на Бугарија до Република Северна Македонија.

– Ова особено се однесува во делот на развојот на политичкиот процес во Република Северна Македонија, но и на нашето политичко однесување и потрага по идни решенија во интерес на народите на двете земји, рече Јанев.

Според Јанев, предлогот е да се разговара за целокупната политика на Бугарија кон Република Северна Македонија, без да се излага од рамката усвоена од бугарскиот парламент.

– Целта е да се бараат практични решенија што ќе дадат појдовни точки во надворешната политика на Бугарија, така што таа ќе биде разбрана меѓу нејзините сојузници во ЕУ и ќе има стабилни пораки и решенија во интерес на нашиот национален интерес, рече Стефан Јанев, пренесува БТА.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се одложуваат сите културно-уметнички настани, прогласена е тридневна жалост по несреќата во Тетово

Следно

БРАКО: Згрозени сме од манипулациите, работите се реализирани по сите стандарди за безбедност и квалитет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian