Сочувство од турското МНР за пожарот во Тетово

1 min read

Министерството за надворешни работи на Република Турција изразува сочувство до семејствата на починатите и им посакува поскоро закрепнување на повредените во пожарот во болницата во Тетово.

– Со длабоко жалење дознавме за пожарот кој избувна во Ковид-19 центарот во состав на Државната болница во Тетово – Северна Македонија, каде според првичните сознанија 10 лица ги згубија своите животи, и има повеќе повредени. Изразуваме сочувство до семејствата на починатите и до Владата на Северна Македонија, и посакуваме поскоро закрепнување на повредените лица, се вели во известувањето од МНР на Република Турција.

Во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што информираат од Министерството за здравство, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.

Извор: МИА

Очевидец: Страшно беше, се слушаше пукање од внатре – го гаснев пожарот, други ги спасуваа луѓето

Пожарот настанал затоа што се обидувале да реанимираат девојче и пукнал штекер, сведочи тетовчанка за „Слободен печат“

ФОТО+ВИДЕО: Тетово сѐ уште мириса на чад, на местото на трагедијата засилено полициско обезбедување

Роднина успеал да спаси свој близок од пожарот во Тетово

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Адеми се враќа на терените, еден од клучните играчи на репрезентацијата

Следно

Чудо од дете: Тригодишно момче со аутизам преживеало три дена во австралиска шума

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian