Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово

1 min read

Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел.

– ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција испратена до МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земјaва, Дејвид Гир.

– Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, пишува Гир на Твитер.

Пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово синоќа околу 21 часот одзеде десет животи според првичните официјални информации.

Причините за пожарот сѐ уште не се познати.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доктор Александар Станков: Обдукциите на 14-те починати од модуларната болница ќе бидат завршени денеска

Следно

Сочувство и солидарност од Грција до Северна Македонија по пожарот во тетовската болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian