Се идентификуваат телата на загинатите во вчерашната трагедија, загинале и по двајца членови од едно семејство

1 min read

Дел од семејствата на починатите во вчерашниот пожар на модуларната болница во Тетово денеска ги чекаа резултатите во Институтот за судска медицина, а дел беа повикани да дадат ДНК за да се идентификуваат телата на нивните роднини кои изгореле. Роднините на 31 годишно момче кое денеска требало да си замине беше на идентификација од страна на неговите роднини.

Некои од луѓето пред институтот, во вчерашната трагедија загубиле и по двајца членови син и татко, и ќерка и мајка.

14 тела се во Институтот за судска медицина.

Од судска медицина не сакаа да зборат за причините дали биле изгорени или загушени од тешкиот чад, она што е извесно дека до утре треба да заврши обдукцијата на сите починати.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали земјите од БРИКС ќе заведат ред во Авганистан?

Следно

Мирко Ивановски промовиран во Динамо Букурешт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian