Роднина успеал да спаси свој близок од пожарот во Тетово

1 min read
Командирот на противпожарнара служба во Тетово, Ука Алити, денеска во изјава за Слободен печат раскажа за страшната несреќа во која 14 пациенти од модуларната болница го загубија животот.
– Веднаш штом го добивме повикот сите пожарникари, вкупно 16, со три возила, се упативме на местото на пожарот. Почнавме да спасуваме пациенти, но за жал вадевме и мртви тела. Некои од нив беа многу изгорени, што беше тешко да се препознаат. Морам да кажам дека многу ни помогнаа докторите и медицинските сестри кои го ризикуваа сопствениот живот, само за да се спасат што повеќе луѓе, рече Алити.
Тој нагласи дека во спасувањето учествувале и граѓани, а не ја исклучи можноста тие да биле блиски роднини на пациентите. Алити не ја потврди информација на „Слободен печат“ дека еден од очевидците на страшната трагедија успеал во огромниот пламен да спаси свој роднина, но не ја исклучува можноста да имало таков случај.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Таравари обид за добивање ниски политички поени од трагедијата во Тетово (ФОТО)

Следно

ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во Тетово и бара одговорност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian