Поранешниот младински репрезентативец Митровски на проба во Партизан

1 min read

Димитар Митровски кој досега ги бранеше боите на португалскиот клуб Спортинг Лисабон, воглавно играјќи за тамошниот Б клуб, ќе се обиде да направи трансфер во редовите на белградските „црно-бели“.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија овие денови е на тренинзите на лидерот во српскиот шампионат, Партизан.

Тренерот на овој клуб, Александар Станојевиќ ќе ги гледа перформансите на нашиот 22-годишен фудбалер и во следнито период се очекува дали играчот за врска во нападот заслужува да биде дел од тимот.

Може и да придонесе во нападот, како и на позициите лево и десно крило.

Митровски е слободен играч, па затоа не би било проблем за него да потпише договор и да биде регистриран, сепак, во моментов тој е повеќе загрижен за неговата физичка состојба бидејќи не пристигна на пробата во најдобра состојба.

Македонецот, кој израсна во Работнички, три години беше член на Лисабон Спортинг, каде стигна до „Б“ тимот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ким организирал воена парада, но не го покажа оружјето

Следно

Археолошки истражувања на локалитетот Самуилова тврдина

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian