Ѓоковиќ или Зверев: Мекинро со прогноза за епското полуфинале на „УС Опен“

2 mins read

Некогаш најдобриот тенисер во светот, Матс Виландер, а сега професионален консултант за „Еуроспорт“, го најави полуфиналето на „УС Опен“, во кое Новак Ѓоковиќ ќе игра против Александар Зверев.

– Алекс игра добро, го следев во текот на неговата кариера, го гледав кога победи во 02 Арена, а сега покажува дека е премногу добар за многу момци, сервира жестоко и е физички силен, добро се движи, стана и малку поагресивен, така што претставува закана.

Тој претходно не беше закана после два – три удари во размената, се врати и беше пасивен, веќе не е таков. Ова е новиот Зверев, има голема разлика во споредба со минатата година – изјави Виландер за „Еуроспорт“.

Тој верува дека ова ќе биде далеку посериозен испит за Зверев по Игрите.

Можеме да очекуваме меч во кој Новак ќе биде во целост „тигар“, како Џими Конорс, ќе ја запали публиката. Ќе мора и многу да враќа, бидејќи Зверев удира силно, сервира силно, ќе мора да покаже острина во рефлекси и игра во одбрана. Новак ќе го бара тој предизвик против Зверев, но потоа останува да видиме дали Зверев може да го подигне своето ниво на друго, бидејќи Олимписките игри не можат да се споредат со пет сета.

Турнирот на Новак практично не започна до ова четвртфинале, тој е толку добар и се надева дека ќе биде предизвикан. Цело време велам дека Ѓоковиќ најверојатно ќе го освои турнирот, но има момци кои зедоа дел од самодовербата и физичката подготвеност на Новак – вели Виландер.

Рекорди кои Ѓоковиќ сè уште ги брка на Грен слем турнирите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Очевидец од Тетово: Што можевме помогнавме, страшно беше, вадевме тела од болницата

Следно

МРТ демантира: Имавме вонредни вести за пожарот во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian