Очевидец: Страшно беше, се слушаше пукање од внатре – го гаснев пожарот, други ги спасуваа луѓето

1 min read

Неџмедин Алити е 37 годишен фудбалер од Тетово, кој синоќа меѓу првите луѓе истрача на местото на пожарот во модуларната ковид болница во Тетово и учествувал во гаснењето. Тој раскажува за страшната глетка, кога пожарот ја уништи целата болница и во кој загинаа 14 лица, а 12 се извлечени од огнот и се во стабилна состојба. Вкупно, во моментот на избивањето на пожарот во модуларната болница имало 26 лица.

-Се се случи многу брзо. Беше како да пука бомба. Бев тука во 9.10 часот. На самото место имаше пожарни, полицајци. Половина од болницата беше зафатена од пожарот и јас тука бев тука да го гаснам пожарот, не влегував внатре, други влегуваа. Страшно, се слушаше пукање. Има луѓе кои се плашат од пукање, ама јас сум хуман човеќ, не се плашам, сакав да помогнам, раскажува Алити за кобниот момент кога почнал пожарот и брзо ја зафатил целата болница.

Тој вели дека пожарот бил многу силен и брзо се ширел.

-Пожарот беше толку јак што и хеликоптер да дојдеше да го гасне од горе, не ќе можеше, искрен е Алити кој како и многу тетовчани, минатата ноќ ја помина во мисла за жртвите и последиците од пожарот кој ги шокираше тетовчани, па и целата јавност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од утре повисоки дневни температури, за викендот локално дожд

Следно

Талибанците забрануваат протести и слогани кои немаат нивно одобрение

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian