Очевидец од вчерашната несреќа во Тетово, за Слободен печат изјави дека помогнале колку што можеле, а состојбата во болницата била страшна.
„Излеговме надвор кога го видовме пожарот, од третиот прозорев од внатрешната страна. Истрчавме да помогнеме, јас се јавив на службите на ЕВН. Заедно со колегите истрчавме да ја изгасиме струјата. Што можевме да помогнеме, помогнавме, тоа што можевме да спасиме, спасиме“ вели очевидецот.
Тој додаде дека директно учествувал во спасување, вадејќи неколку тела од болницата.
„Се слушаа плачења, викања, навистина беше страшно“ изјави тој.
Очевидецот кажа дека не познавал никој од пациентите во болницата и дека цела жителите на целата улица излегле да помогнат во гаснењето на пожарот.
Очевидец: Страшно беше, се слушаше пукање од внатре – го гаснев пожарот, други ги спасуваа луѓето
ФОТО+ВИДЕО: Тетово сѐ уште мириса на чад, на местото на трагедијата засилено полициско обезбедување