Нуредини: Во болницата имало роднини на медицински сестри, тоа придонело да има посети

1 min read

Координаторот на ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини, во емисијата 24 анализа истакна дека повредените во вчерашната несреќа во модуларната ковид болница се во стабилна состојба, тие се позитивни ковид пациенти и немаат сериозни повреди. Сместени се во интерното одделение. 

„Овие три дена бевме среќни поради тоа што немавме смртни случаи и дел од пациентите се стабилизираа. Сега имаме 75 хоспитализирани.

Нуредини вели дека немало недостаток на кадар и целиот ковид центар бил снабдуван со непохдниот кадар. Во болницата имало роднини на медицински сестри што можеби допринело да има посети, но сепак сите тие морале да ги почитуваат анти-ковид мерките и посетите не траеле повеќе од 15 минути.

– Имаме двајца починати цивили и 12 починати пациенти, вели Нуредини.

Тој додава дека добиле веднаш информација штом настанал пожарот и за 3-5 минути целата клиника била пред модуларната болница и за кратко време почнала евакуацијата на пациенти.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неверојатни бројки: 30 секунди реклама за време на Супер боул продадена за 6.5 милиони долари

Следно

Боатенг прогласен виновен за удирање на поранешната девојка: Ќе плати милиони, но куртули од затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian