НБА ѕвезда импресионирана од Ѓоковиќ, стана голем фан на Новак

1 min read

Еден од најдобрите млади кошаркари во НБА лигата, бекот на Атланта хоукс, Тре Јанг, стана тениски фан и не ги пропушта случувањата на УС Опен, а негов миленик е Новак Ѓоковиќ.

Јанг пред неколку дена преку социјалните мрежи призна дека е нов тениски фан и секое утро ги следи возбудувањата на УС Опен.

Јанг сега го гледаше и мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини и беше воодушевен од прикажаната игра на двајцата тенисери, но пред се од Србинот.  Ѓоковиќ по маратонска борба која траеше 77 минути го загуби првиот сет, но потоа ги освои наредните три и  се пласира во полуфиналето каде го очекува пресметка со Александер Зверев.

НБА ѕвездата беше импресионирана.
„Ѓоковиќ е навистина цврст. Ова е чудесно“, напиша Јанг притоа ставајќи емотикони на оган, кои означуваат одлична игра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Расчистена кражба на мопед, приведен крадецот

Следно

Дали земјите од БРИКС ќе заведат ред во Авганистан?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian