Народниот правобранител изрази сочувство за загинатите во пожарот од Тетово и бара брза и ефикасна истрага и одговорност

1 min read

Народниот правобранител изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан во болницата во Тетово, каде се лекуваа болни од Ковид-19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.

– Народниот правобранител смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава – системот. Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа дражавата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски, се посочува во соопштението од Народниот правобранител.

Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот, никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број на семејства, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Очевидец: Страшно беше, се слушаше пукање од внатре – го гаснев пожарот, други ги спасуваа луѓето

Пожарот настанал затоа што се обидувале да реанимираат девојче и пукнал штекер, сведочи тетовчанка за „Слободен печат“

ФОТО+ВИДЕО: Тетово сѐ уште мириса на чад, на местото на трагедијата засилено полициско обезбедување

Роднина успеал да спаси свој близок од пожарот во Тетово

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италијанската полиција вршела претреси во домовите на антиваксерите кои планирале насилство

Следно

Поради тридневната жалост, РФМ го одложи стартот на Супер Лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian