МРТ демантира: Имавме вонредни вести за пожарот во Тетово

2 mins read

ЈРП МРТ ги демантира тврдењата во написот на „Слободен печат“ под наслов „МРТВ во „мрак“ додека гореше болницата во Тетово“. Оттаму наведуваат дека „во натписот се изнесени неточни информации коишто ја доведуваат јавноста во заблуда и го нарушуваат угледот на ЈРТ МРТ“.

„Имено, во текстот се вели: „Додека голем број домашни, а потоа и регионални и светски медиуми известуваа за трагедијата во тетовската модуларна болница, јавниот сервис во текот на вечерта не излезе ниту со вонредни вести ниту со телоп за трагичниот настан“.

Почитувани, ова е целосно неточна информација. На Првиот програмски сервис МРТ 1 имаше најава за вонредни вести коишто се емитуваа во 22 часот и 45 минути со директно вклучување од местото на настанот на нашиот новинар Зоран Димовски за случувањата во Ковид центарот во Тетово. Тоа можете да го проверите и преку MAX ТВ, доколку ја вратите програмата.

Ваквиот напис го сметаме за тенденциозен и злонамерен, дотолку повеќе што новинарката не го испочитувала елементарното новинарско правило да се праша и другата страна. Поради ова, бараме јавно извинување од „Слободен печат“ и повлекување на неточните информации во текстот, согласно позитивните законси прописи“, се вели во реакцијата на уредничкиот колегиум на МРТ1.

 

Забелешка на „Слободен печат“

Од фотографиите кои МРТ1 ги испрати до нашата редакција, може да се забележи дека телевизијата емитувала вонредни вести во 22:47 часот, речиси два часа откако пожарот во модуларната болница во Тетово бил пријавен. Читатели на „Слободен печат“ сведочеа и реагираа дека неколку минути по 23 часот на МРТ1 се емитуваше филмот „Пред дождот“ без притоа да оди некаков телоп или најава за пожарот во Тетово.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ или Зверев: Мекинро со прогноза за епското полуфинале на „УС Опен“

Следно

Манастирлиу во разговор со Филипче понудила помош во справувањето со трагедијата во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian