Кошаркар на Будуќност колабира на тренинг, ноќта ја помина во болница 

1 min read

Кошаркарот на Будуќност, Данило Николиќ колабирал за време на вчерашниот тренинг и итно бил префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица. Оваа вест ја потврди и самиот клуб.
„На нашиот кошаркар му се слоши за време на вчерашниот тренинг“, објави Будуќност.

Николиќ по укажаната помош од клупските лекари, идно бил пренесен во Клиничкиот центар во Подгорица на понатамошни испитувања, а денеска е отпуштен и испитувањата ќе ги продолжи во друга европска држава, објави неговиот тим.

„Ги молиме навивачите и јавноста да ја почитуваат приватноста на нашиот кошаркар и неговото семејство“, соопшти Будуќност.

Николиќ игра на позицијата крилен центар, а во кариерата освен за Будуќност има настапувано и за Ловќен, Мега и Билбао.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мирко Ивановски промовиран во Динамо Букурешт

Следно

Микис Теодоракис погребан на островот Крит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian