Ким организирал воена парада, но не го покажа оружјето

1 min read

Северна Кореја ја прослави 73-годишнината од основањето со ноќна воена парада, а според претходните извештаи на државните медиуми, оваа година не биле снимени демонстрации на нови ракетни проектили заедно со парадата на војниците, објави јужнокорејската новинарска агенција Јонхап, пренесува Ројтерс.

Врховниот лидер Ким Џонг Ун присуствувал на парадата во главниот град Пјонгјанг, а воените авиони прелетувале над плоштадот Ким Ил Сунг, се вели во извештајот на севернокорејската агенција КЦНА.

Весникот Родонг Шинмун, весник на владејачката Работничка партија, објави фотографии од луѓе со портокалова заштитна опрема со гасни маски што ги симболизираат напорите на земјата во борбата против коронавирусот, иако земјата уште нема објавено позитивен случај од вирусот, како и воените пешадиски единици кои марширале со неколку ракетни фрлачи.

Северна Кореја ја прослави 73-годишнината од основањето со ноќна воена парада/ Фото EPA-EFE/KCNA

Во извештаите досега не се споменуваат проектили, а Ким не одржа никаков говор, за разлика од минатиот октомври, кога државата одржа ноќна воена парада на која беа прикажани претходно незабележани интерконтинентални балистички ракети.

Разговорите со цел да го убедат Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје и арсеналите за балистички ракети, се во застој во последните години, а администрацијата на американскиот претседател Џо

Бајден најавија продолжување на дипломатските напори за постигнување севернокорејска денуклеаризација, но досега Ким не покажа подготвеност да ги почитува санкциите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Подгорица продолжува меѓународното претставување на „Три сестри и Наташа П.“

Следно

Поранешниот младински репрезентативец Митровски на проба во Партизан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian