Инфантино не исклучува одржување Светско првенство на секои две години

1 min read

Џани Инфантино, претседателот на Меѓународната фудбалска организација (ФИФА), отвори неколку интересни теми на состанокот во Доха.

Имено, Инфантино и челниците на ФИФА се во Доха, каде што фудбалската организација спроведува дел од сопствената студија за тоа колку е изводливо и практично да се одржува Светското првенство на секои две години.

Иако таквата идеја брзо доби многу критики, (од членовите на Европската фудбалска организација, Меѓународниот олимписки комитет..), Инфантино рече:

– Го проучуваме календарот и се консултираме со сите. Се разбира, во сето ова ние првенствено сакаме да го слушнеме гласот на самите протагонисти, односно играчите и тренерите. Не би сакал да отфрлам ништо како идеја на почетокот – вели првиот човек на ФИФА.

Инфантино ја спомена и пренатрупаноста на фудбалскиот календар и растечкото преплетување на клупските и репрезентативните обврски.

– Има премногу бесмислени натпревари и тековниот календар достигна некои граници. Овој вид распоред е неодржлив. Мора да имаме единствен систем што значајно ќе го оддели клубот од натпреварите со репрезентацијата – додава Инфантино.

ФИФА претера, сака Мундијалите да се играат на секои две години

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Советот на Општина Тетово прогласи тридневна жалост

Следно

Изрази со сочувство до фамилиите кои ги изгубија своите најсакани во пожарот во модуларната болница во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian